| четврток, 6 декември 2018 |

Тргнале на џихад, си ја понеле пушката во авион

avstriski aerodromАвстриец и Турчинка се уапсени во авион, кој требало да полета од Виена за Истанбул, откако во нивната торба била откриена автоматска пушка, соопштија денеска австриските власти.

– Двојката веќе се качила во авион, кога во нивниот багаж од аеродромскиот персонал била откриена автоматска пушка и муниција, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.

Двајцата уапсени планирале да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава.

За случајот е покрената истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top