| четврток, 6 декември 2018 |

Хокеарите на Македонија загубија на пенали

hokej mkdМакедонската хокеарска репрезентација загуби на својот прв официјален натпревар од младата бугарска репрезентација составена од играчи до 20 години на пенали со 6:5, откако мечот во основните 60 минути заврши нерешено 5:5.

Македонија постојано беше во водство, а Бугарите со гол во последните минути од третиот период се изборија за пенал серија.
Натпреварот се одигра на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Шанса за реванш нашите хокеари ќе имаат утре, кога со почеток во 10:30 часот двете репрезентации ќе го одиграат вториот контролен натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top