| четврток, 6 декември 2018 |

Две експлозии на автомобили-бомби во имигрантскиот кварт во Малме

aДва автомобила-бомби денеска експлодираа во третиот по големина шведски град Малме, соопшти полицијата.

aaЕксплозиите се случија во мултиетнички кварт, каде живеат имигранти од Ирак, од Косово, од Босна и Херцеговина и од Либан.

– Во експлозиите никој не е повреден, изјави портпаролката на полицијата Линда Плејм.

Се уште никој не е уапсен поради инцидентот.

Во последните месеци во Малме се случија повеќе експлозии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top