Телевизискиот канал „Фокс интернешенел“ ќе се емитува на целиот Балкан , а се разбира и во Македонија. Веста немаше да биде чудна доколку ваквата можност не и го дава бугарскиот совет за радиодифузија, пишува „Канал 5“.
Со потпис на претседателот на советот Георги Лозанов на телевизијата и се овозможува да зрачи во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, на Косово, во Босна и Херцеговина и во Словенија.
Телевизијата е регистрирана во Бугарија ,а добила дозвола со неограничен рок на траење за да емитува преку кабелски и сателитски сигнал во сите држави.
Се поставува прашањето како советот за електронски медиуми може да издава такви дозволи што се однесуваат на други држави и на кој начин ќе гарантира дека не се кршат законите во државите од регионот со најгруб упад во телевизискиот простор?
Дали бугарскиот совет , кој се повикува на закони од тамошното законодавство може да ги прескокне сите институции во Македонија , да регистрира телевизија и да и овозможи емитување под исти услови што важат за домашните оператори.
За ваквите во најмала рака чудни одлуки од Софија се уште не се запознаени законските претставници во регионот, а допрва се очекува и реакција од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги во Македонија , кои единствено можат да издаваат концесии за емитување телевизиска програма во државата.
За ваквиот упад во македонскиот медиумски простор в понеделник ќе расправа и македонската медиумска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


