Американката Линѕи Вон е победничка на утринскиот спуст возен швајцарскиот скијачки центар Вал Дизер. Најдобрата скијачка на денешницата по враќањето од двегодишната пауза поради тешки повреди со денешната победа докажа дека во врвна форма и до крајот на сезоната ќе се обиде да дојде до големиот кристал глобус.
Таа денешната патека ја мина за 1:44,47 минути, и беше за 19 стотинки побрза од двете второпласирани натпреварувачки Елизабет Гергл од Австрија и денешното изненадување Викторија Ребенсбург од Германија кои имаа исто време од 1:45,06 минути. За денешната победа Линѕи Вон доби крава , а иста премија доби и пред девет години. Тој подарок го нарече Олимп.
Водечката во генералниот пласман Словенката Тина Мазе денеска заврши на седмото место.
Во пласманот за спуст за жени води Вон со 232 бода, пред Мазе со 168 и Ребенсбург со 151, а во вкупниот поредок во Светскиот куп Мазе има 596 бода, Австријката Ана Фенингер 327 и Вон 312 бода.
Во машка конкуренција во италијанскиот ски-центар Вал Гардена на распоредот беше трка од супервелеслалом. Најголемиот фаворит за победата Норвежанецот Кјетил Јансруд оствари нова победа во оваа дисциплина и ја зголеми предноста во пласманот за малиот кристален глобус во супервелеслалом.
Тој денешната трка ја извозе за време од 1:33,87 минути, а на второто и третото место се пласираа Италијанецот Доминик Парис и Австриецот Ханес Рајхелт со заостанување од 46 односно 52 стотинки.
Во оваа дисциплина води токму Јансруд со 280 поени пред Рајхелт со 200 и Парис со 185 бода.
Во генералнот пласман Норвежанецот досега собра 592, а Австриецот Марсел Хиршер 440 и Парис 345 бода.
Утре истотака во Италија но во Алта Бадија мажите ќе возат трка во велеслалом, додека жените во Вал Дизер ќе возат супер-џи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




