| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца полицајци пред суд

policija(2)

Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе три кривични пријави против три лица вработени во полицијата за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „малтретирање во вршење на службата“.

Поденсена е пријава против Т.Р.(35) од Струмица, полицискиот службеник – водич на безбедносен реон за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.  При кражба на две грла добиток, утврдено е дека полицискиот службеник не го евидентирал настанот во Книгата за дневни настани и не презел потребни мерки и активности за расчистување на кражбата со што го сторил и кривичното дело.

Во вториот случај пријава за сторени кривично дело „несовесно работење во службата“ е поднесена против Б.И.(33) од Велес, референт за сообраќајни дозволи во отсекот за управни работи Велес и Кавадарци. Пријавениот одбил да прими документи за регистрација на возило со образложение дека за истото не е одјавена француската дозвола при што од страна на оштетените лица постапката за регистрација на возилото е извршена во Кавадарци каде на шалтерот на Отсекот за управни работи лицата успеале да го регистрираат истото возило со истата документација која претходно не била примена од страна на Б.И.

Во третиот случај пријава за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ е поднесена против М.Ј.(49) полициски службеник – сменоводител во Делчево во СВР – Штип. До Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди добиена е претставка против лицето М.Ј. дека при преземање на службени дејствија по пријавен настан, нарушување на јавниот ред и мир постапил незаконито, на начин со кој се понижува човечкото достоинство и моралот. Приведено лице во откако упатил закани кон безбедноста на сменоводителот и неговата фамилија, полицаецот изреволтиран од заканите го турнал приведениот, кој паднал при што од страна на доктор на лицето му е констатирана телесна повреда во пределот на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top