| четврток, 6 декември 2018 |

Познати сите учесници во Топ-16 фазата во Евролигата, Црвена Звезда во групата на смртта

Со вчерашните шест натпревари заврши првата групна фаза во Евролигата во четирите групи А, Б, Ц и Д.
По десеттото коло познати се сите учесници кои се пласираа во новоформираните групи Е и Ф.
По веќе однапред утврден систем двете нови групи ќе бидат составени од осум екипи кои повторно меѓусебно ќе одиграат по два натпревара и така ќе се дојде до осумте најдобри екипи во Европа по одиграни 14 кола.

fenerbahce

Нижни Новгород го изненади суперскапиот тим на Уникс Казан и со тоа си обезбеди учество во следната рунда, а Уникс се сели во Еврокупот. Иако гостите водеа во текот на целиот натпревар, со чудесен пресврт во третиот и четвртиот период од натпреварот играчите на Нижни заслужено се радуваа на крајот од мечот. Клучен играч беше Кинси кој ја одигра најдобрата партија во Евролигата и тоа во клучниот натпревар постигнувајќи 23 поени.

Екипата на Жалгирис го фати последниот воз за пласман во Топ-16 фазата. Иако водеа во текот на целиот натпревар дојде до опуштање кај играчите на литваснкиот преставник и можеше многу лесно да го загубат натпреварот против Динамо Сасари (80-79) за кој овој натпревар немаше никакво резултатско значење. Жалгирис губеше со два разлика на седум секунди до крајот, но јунакот на натпреварот Андресон во последниот напад со чудесен влез погоди под фаул и го израмни резултатот. Тој потоа на три секунди до истекот на ргуларниот дел успеа да го погоди и слободното фрлање и да го одведе својот тим во следната фаза. На крајот зад името на Андерсон стоеја 26 поени.

Panathinaikos Athens vs BC Barcelona

Цревна Звезда воопшто не калкулираше во последниот натпревар и на домашен терен пред празни трибини ја совлада Лаборал Куча со 90-82 и со тоа си закажа натпревар веќе на 2 јануари во Комбанк арената во Белград против Барселона во новоформираната група Е.
Покрај овие два тима во оваа група се и Реал Мадрид, Панатенаикос, Галатасарај, Жалгирис, Макаби и Алба Берлин.

Во групата Ф се пласираа следниве осум тима: ЦСКА Москва, Анадалоу Ефес, Фенребахче, Уникаха, Нижни Новгород, Лаборал Куча, Армани Милано и Олимпијакос.

Резултати: Нижни Новгород – Уникс Казан 78-74, Жалгирис – Сасари 80-79, Црвена Звезда – Лаборал Куча 90-82, Алба Берлин – Цедевита 67-70, Фенербахче – Баерн Минхен 87-81, Панатенаикос – Барселона 67-80.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top