Пакистански официјални лица соопштија дека денеска е извршена егзекуција на двајца осудени исламисти, која е прва откако повторно се воведе смртна казна во оваа земја.
Смртната казна во Пакистан е повторно воведена по масакрот во школото во Пешавар кога талибанците убија 132 деца и 16 возрасни, пренесува АП.
Двајцата претставници соопштиле дека егзекуцијата е извршена во градот Фаисалабад, во централниот дел на Пакистан, наведува агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


