| четврток, 6 декември 2018 |

Односите помеѓу Обама и Путин од ладни станаа замрзнати

Рускиот претседател Владимир Путин, споредувајќи ја својата земја со мечка која САД и нејзините сојузници решиле да ја оковаат со ланци пред да ги покаже своите заби и канџи, доведе до најлош застој во односите помеѓу Истокот и Западот после повеќе децении и во потенцијално поопасна фаза, наведува Си-Ен-Ен.

Американската информативна мрежа оценува дека Путин, со обзир на тоа дека руската економија е на работ на колапс, можел вчерашната маратонска годишна конференција за новинари да ја искористи за да покаже повеќе флексибилност околу ситуацијата со Украина и да ги зголеми шансите за ублажување на западните санкции, но наместо тоа, подлабоко заронил во менталитетот на студената војна.

Иако Русија не е истата држава како од Студената војна, таа не може да се игнорира, се предупредува во анализата на Си-Ен-Ен, со потсетување дека Москва има распоредени 1.600 нуклеарни боеви глави и фрла „геополитичка сенка“ во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top