| четврток, 6 декември 2018 |

Косовскиот специјален суд ќе ги истражува злосторствата врз малцинствата

Специјалниот суд за воени злосторства, што треба да биде формиран во Косово, пред се ќе биде задолжен за злосторствата врз Србите и припадниците на другите малцинства, објави косовскиот весник „Бота сот“.

Според експертите Специјалниот суд претставуваат можност за откривање на вистината за злосторствата за време на војната и за повоените политички убиства, објави Танјуг.

Професорот Африм Хоти од Приштинскиот универзитет истакна дека формирањето на Специјален суд треба да биде приоритет на косовските институции.

– Специјалниот суд е еден вид меѓународен трибунал, што треба да се занимава главно со злосторствата врз Србите и другите малцински групи и ќе се побара судска одговорност не само за војниците, туку и за командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), наведе поранешниот претставник на Косовската тајна служба ШИК, Наим Мифтари.

Тој додаде дека поранешниот министер за надворешни работи и поранешен премиер Хашим Тачи некогаш се „фалел дека бил командант во ОВК“, а сега кога дошло време за плаќање на сметките бега од одговорност.

– Се знае дека злосторствата се извршени од луѓе кои биле под команда на Хашим Тачи и за тоа постојат докази, истакна Мифтари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top