| четврток, 6 декември 2018 |

Размислувате на врска со разведен маж? Еве на што треба да внимавате

Кога размислувате за врска со разведен маж, не смеете да брзате.

maz odmeruva zena

Во врска со маж кој што е разведен треба да се влезе малку внимателно. Дознајте колку време е поминато откако се развел. Со тоа ќе имате и увид во тоа што правел со други жени и колку ги имал по разводот. Исто така ќе ви помогне да сфатите дали сте му само пропратна афера или е навистина емотивно подготвен да биде во врска.

Можеби ова е непотребно да се праша, но е многу важно да знаете која е причината за неговиот развод. Можеби нема лесно да ви открие, но објаснете му дека не сакате да бидете во сериозна врска со него додека тоа не го сподели со вас. Може и да проверите преку неговите пријатели, дали неговата приказна е точна.

Набљудувајте го како се однесува кон вас, како реагира на некои ваши прашања и постапки, затоа што ако влетате во врска со маж кој што сè уште не го преболил разводот, на вас ќе ви биде полошо. Не ви треба некој кој што е сè уште нестабилен или има страв од врска.

Тоа можеби не ви изгледа како нешто важно на почетокот, но како ќе навлегувате во посериозна врска, неговиот однос со поранешната сопруга може да влијае на вас. Дали се и понатаму лути еден на друг, или продолжиле со животот? Дали сè уште се во контакт, а ако се, забележуувате ли дали сè уште е емотивно поврзан со неа?

postar maz

Постои голема можност дека тој сака да биде со вас во врска, само побрзо да го преболи разводот. Ова не е одлична причина и секако не е фер кон вас. Ако навистина ви се допаѓа, тогаш бидете внимателни и обрнете внимание на тоа што точно сака од врската со вас.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top