| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Никогаш не сум соработувал со некогашната Служба за државна безбедност

spasov

– Ве известувам дека, според мое длабоко уверување, Комисијата за утврдување на факти, утврдила погрешно, врз основа на неповерени факти, дека сум бил соработник на поранешната Служба за безбедност. Тое не може да се заклучи ниту од еден од наводните  докази што таа комисија во прилог на решението ги има поставено на својот веб сајт. Иако сметам дека таа Комисија одамна е претворена во тело за политички прогон на неистомислениците на сегашната власт, ве информирам дека на нејзиното решение ќе поднесам жалба до Управниот суд. Ако одлуката на тој суд не биде праведна, правдата ќе ја барам со жалба до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург – стои во писмената изјава на поранешниот министер за правда и екс-македонски амбасадор во Софија, Ѓорѓи Спасов за кого, Комисијата за верификација на фактите бил соработник на Службата за државна безбедност.

Во документите кои ги објави Комисијата, се вели дека Спасов ја известувал СДБ за неколкумина македонски граѓани, кои биле оценети дека се анархолиберали. Спасов на ова вели:

-Одговорно изјавувам дека никогаш не сум соработувал со некогашната Служба за државна безбедност и дека овој вид на срамни политички конструкции, изработени врз основа некакви произволно напишани службени белешки од општински полицајци на некогашната УДБА,  ќе бидет еден ден демаскирани. Во нив се тврди дека како асистент на Институтот, две години по смртта на Тито,(во 1981) на некој општински полицаец сум му дал информација за постоење на анархолиберали меѓу новинарите на тогашниот весник Студентски збор и сум ги нарекол псевдо либерали. Поголема глупост не можел да измисли ниту тој ниту Комисијата, но веројатно сега им било потребно да бидам дискредитиран откако ме видоа дека учествувам во студентскиот протест и во моите колумни  ги подржувам студентите – вели Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top