Американската компанија „Гентерм“ објави оглас за вработување. Фабриката што во март следната година ќе почне со изградба на производствен капацитет на површина во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп бара Менаџер за производство. Се бара личност со високо образование и неколку годишно искуство во проиводство. Повикот е отворен до 26 декември годинава, а подеталните информации можете да ги видете на вработување.мк
Покрај тоа, фабриката, во која ќе се произведуваат греачи за седишта и греачи и системи за ладење за волани бара и шеф на сметководство, а огласот за вработување се однесува на лица со најмалку тригодишно искуство во сметководството, и секако да имаат високо образование.
„Гентерм“, која треба да почне со работа во четвртиот квартал од следната година објави и оглас за вработување на Директор за човечки ресурси, кој покрај високото образование, треба да има и познавања од областа на даночното работење, социјално осигурување и законот за пензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.