Добитничката на наградата „Оскар“, Лупитап Нионго, е ѕвездата со најубаво телo, одлучија читателите на списанието „Фитнес“.
Омилена песна за вежбање е „Shake It Off“ на Тејлор Свифт.
Актерката Кира Најтли беше наградена за ѕвезда која дава пример за односот кон своето тело заради нејзината одлука да се фотографира гола за списанието „Интервју“, под услов нејзините фотографии да не бидат ретуширани.
Најдобриот тренд во фитнесот за годинава се фузија часовите, во кои се комбинираат различни стилови вежбање.
Читателите на списанието, освен тоа, го избраа кокосовото масло како суперхрана на годината, а јадењето храна без ГМО, за најдобар тренд за здрава исхрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.