| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Вљубен сум!

alina_kabayeva_vladimir_putin

Рускиот претседател Владимир Путин, кој обично е многу дискретен во приватниот живот, ја изненади публиката на годишната прес-конференција кога индиректно призна дека е вљубен.

652x450_119514-vladimir-putin-casatorie-in-secret-cu-fosta-gimnasta-alina-kabaeva

Во април 2013 година, Путин јавно објави дека се развел со неговата сопруга Људмила, по 30 години брак. Во одговор на прашањето за неговиот приватен живот, на прес-конференцијата тој раскажа случка од минатата година.

– Европски пријател, еден голем лидер, ме праша минатата година дали сум вљубен. Јас го прашав што сака да каже, а тој ми одговори: Сакаш ли некого? А јас му одговорив: Да. Тогаш тој ме праша: А некој те сака ли тебе? и јас му одговорив: Да –  рече Путин и предизвика насмевки кај новинарите.

Потоа рускиот претседател додаде дека во неговиот приватен живот сѐ е во ред и им рече на новинарите да не се грижат за него.

Путин посочи дека е во добри односи со поранешната сопруга и дека двајцата се гледаат редовно. Со децата, исто така, се гледал редовно, но не толку често колку што би сакал.

alina-kabaeva-598469-photo-large-1

Потсетуваме дека рускиот печат ја наруши тишината околу приватниот живот на Путин и напиша дека тој има врска со поранешната олимписка шампионка во гимнастика и актуелна директорка на важна прокремаљска медиумска група, Алина Кабаева.

„Московски дописник“ во 2008 година објави дека Путин тајно се развел за да се ожени за Кабаева. Тогаш претседателот отворено ги демантираше овие тврдења, а весникот беше затворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top