Куба го прослави ослободувањето на тројцата Кубанци кои беа затворени во САД,за шпионска активност.Во Хавана,тие беа примени од претседателот Раул Кастро,додека на улиците на кубанскиот главен град се одржаа манифестации во чест на нивното враќање на Куба.

Кубанските власти одбиваа да прифатат дека петмината се занимавале со шпионажа,па покренаа силна антиамериканска кампања во Куба и по светот,прикажувајќи ги петмината како „жртви на американскиот империјализам„.
За овој шпион се вели дека бил пуштен од затвор со групата од педесетина кубански дисиденти кои беа ослободени како дел од кубанско-американската спогодба за обнова на дипломатските врски, што пред два дена ја објавија,во исто време,претседателите Раул Кастро во Хавана и Барак Обама во Вашингтон.Целиот процес за обнова нормализација на односите меѓу двете соседни земји,за кој Куба и САД тајно преговарале во Ватикан и делумно во Канада,околу 1,5 година,беше откриен со решението на властите во Хавана да се пушти од затвор Американецот Ален Грос.во 2009 година,Кубанците го обвинија и го осудија за „шпионажа„ за да може да се „пазарат„ со САД околу уапсените петмина Кубанци.Грос (65),сепак,беше ослободен врз „хуманитарна основа„ откако по поминати пет години во кубански затвор,неговото здравје беше сериозно нарушено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


