Грција во 2015 година ќе треба да го отплати долгот во износ од 22,5 милијарди евра кон Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, пишува грчкиот весник „Етнос“. Весникот коментира дека без разлика кој ќе биде на власт во Грција во 2015 година, тој ќе биде соочен со голем финансиски тест.
„Следното лето за Грција ќе биде вистински кошмар, со оглед на тоа што во период од три месеци, јуни, јули и август, која влада и да дојде на власт, ќе треба да го враќа долгот кон кредиторите. А само за тие три месеци вредноста на задолжувањата е 11,5 милијарди евра. Од каде ќе ги најде тие пари?“ -прашува весникот.
„Етнос“ објави дека доколку во Грција бидат одржани предвремени парламентарни избори во февруари и Алексис Ципрас стане премиер, уште со самото доаѓање на власт неговата влада ќе треба да плати 2,1 милијарда евра на ММФ и 1.9 милијарди за камати, односно вкупно четири милијарди евра.
„Следуват уште плаќања, при што вкупната сума на задолжувања, ќе достигне 22,5 милијарди евра“ додава „Етнос“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


