| четврток, 6 декември 2018 |

Тие се млади, богати и моќни идни владетели на светот

Во нивните вени тече сина крв. Сега се во сенката на своите родители, но еден ден круната ќе прејде во нивна рака и тие ќе владеат.

Идните кралеви и кралици се занимаваат со вообичаени обврски кои со себе носат припадност на кралевска лоза – од војни задачи па сѐ до хуманитарни.

Меѓутоа, како и целиот нормален свет, така и наследниците на престолот ги интересираат секојдневни работи како и нивните врсници, како што се музиката, модата, излегувањето или екстремните спортови.

Принц Карл Филип, Шведска

princ Karl Filip

Шармантниот и неодолив триесет и петгодишен принц на Шведска моментално е на третата линија наследници на престолот. Покрај титулата принц на Шведска, носи и титула војвода од Врамланд. Пред да се запише на Државниот факлутет за земјоделство, ги има завршено сите воени должности на шведскиот Национален колеџ за одбрана. Сака и адреналински предизвици, па така најомилено хоби му е скијање како и трка со автомобили. Покрај тоа, многу го интересира и графички дизајн.

Абдулах бин Зајед ел Нахјан, ОАЕ

abdullah bin-zayed-al-nahyan

Четириесет и двегодишниот Абдулах е најмладиот син на покојниот Зајед бин Султан ел Нахјан, емирот на Обединетите Арапски Емирати. Тој моментално е трет во линијата наследници. Во моментов е министер за надворешни работи. Борец е за женските права и е многу активен на социјалните мрежи, особено на „Твитер“ каде што секојдневно промовира различни социјални иницијативи.

Принц Џорџ Александар, Луис, Англија

princ-george-

Слаткиот Џорџ, син на војводата и војвотката од Кембриџ, односно принцот Вилијам и Кејт, роден е во јули 2013 година, а неговото раѓање со воодушевување го дочекаа милиони луѓе, не само во Англија туку и низ светот. Првпат се појави во јавност за време на кралската посета на Нов Зеланд и веднаш стана вистинска мала модна икона, исто како и неговата мајка. И тој е трет по ред за преземање на престолот, по неговиот дедо Чарлс и таткото Вилијам.

Принц Хаји Абдул Азим, Бурнеј

prince-haji-abdul-azim-of-brunei-

Принцот Хаји Абдул (32) е најстарото дете на султанот од Бурнеј и трет во линијата да го наследи престолот. Тој беше пратен на обука од девет месеци на Кралската воена академија, но издржа само една недела. Тој повеќе преферира излегување и организирање прослави кои ги посетуваат ѕвезди како Линдзи Лохан и Памела Андерсон.

Принцеза Сириванавари Нариратана, Тајланд

princess-sirivannavari-nariratana-of-thailand-

Принцезата има 27 години и е ќерка на принцот Маха Вајролонгкорн, наследник на престолот и внук на актуелниот крал на Тајланд, Бумибола Адулјадеј. Принцот е вистинска уметничка душа, со оглед на тоа дека студирала на академија на уметности на Чалалонгкорн универзитетот. Покрај тоа, многу е позната и во светот на модата, па често може да се сретне и во првите редови на европските модни недели. Исто така, сама дизајнира облека која ја продава низ Азија.

Принцеза Ингрид, Норвешка

_princess-ingrid-alexandra

Таа има само 10 години, а втора е во низата да го наследни норвешкиот престол. Норвешка во 1990 година го сменила Уставот така што најстарото дете ја наследува круната без обзир на полот. Ингрид е прво дете во кралското семејство на кое се однесува ова. Слаткото девојче во 2009 година, кога имала само шест години, го одржала својот прв јавен говор.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top