За сите што сонуваат да бидат силни витези! Или сонуваат да бидат најубави принцези! Од утре сонот може да стане јаве во нашиот омилен „Скопје сити мол“.
Сакате ли да бидете дел од отворањето на ,,Детското кралство“?
Со почеток од 18 часот ќе почне да се раскажува приказната од средновековниот период, која е возбудлива, мистериозна и неверојатно забавна.
Витези, замоци, принцови и принцези, борба и многу адреналин ќе бидат главните карактеристики на ,,Детско кралство“, кое почнува утре, а ќе трае до 15 септември.
Сите дечиња од шест до 11 години ќе имаат можност да го доживеат светот на храбрите витези, да пропатуваат назад во времето, да учествуваат во херојски битки и да јаваат на змеј!
Ова е јавен апел до сите родители да ги донесат своите деца утре, од 18 часот во „Скопје сити мол“, за да бидат дел од оваа атракција од средновековниот замок, катапулт, змеј, знамиња, штитови и оружја преку интерактивни детски игри и турнири.
Првите 40 деца што ќе се пријават на инфо-пултот ќе добијат бесплатна тура во кралството и ќе бидат првите мали принцови и принцези, учесници во големото отворање.
Нека многу соништа се остварат од утре! Сите заедно да се запознаеме со „Детското кралство“ на „Скопје сити мол!
„Скопје сити мол“, сè што сакам е игра, забава и едукација!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.