| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистанската армија уби 59 талибанци

peshawar-pakistan-vojna-skola-napad-reuters-mainПакистанските сили во воздушно-копнена операција на северозапад во државата во близина на границата со Авганситан убија 59 милитанти, соопшти денеска пакистанската војска, два дена откако талибанци упаднаа во школо и убија 132 деца и 16 возрасни.

Во соопштение од пакистанската армија се вели дека нападите врз милитантите се извршени вчера и денеска.

Во копнената акција синоќа се убиени девет талибанци, додека во бомбардирањето од воздух смртно страдале 17 исламисти меѓу кои и еден узбекистански командант. Безбедносните сили денеска во заседа во долината Тирах убиле 32 милитанти кои се движеле кон границата со Авганистан. Во акциите се ранети тројца војници, соопшти армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top