| четврток, 6 декември 2018 |

Дурент пак се повреди, Оклахома загуби од Голден стејт

Кевин Дурент повторно се повреди, а во прашање е истиот проблем со десната нога, овојпат за среќа на кошаркарот без посериозни последици. На мачот меѓу неговата Оклахома тандерс и Голден стејт вориорс, Дурент одигра извонредни 19 минути и постигна 30 поени за едно полувреме, а во финишот на првиот дел незгодно се судри со Мариз Спеитс и ја повреди ногата, проблем поради кој ги пропушти првите 17 меча од новата сезона. Веднаш го напушти теренот и потоа воопшто не играше. Оклахома загуби со 109-114, прв пораз по серијата од 7 едноподруго успеси.

dure

Расел Вестбрук со 33 поени се обиде да го предводи тимот до нов триумф, но немаше посериозна поддршка од соиграчите, па Голден стејт победи со 5 поени разлика. За нив тоа е прв триумф и почеток на нова успешна серија по таа од неверојатни 16 во низа, што завчера им ја прекина Мемфис. Стефон Кари беше најефикасен на мечот со 34 поени.

Резултати: Чикаго – Њујорк 103-97, Хјустон – Њу Орлеанс 90-99, Сакраменто – Милвоки 107-108, Голден стејт – Оклахома 114-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top