Осум деца се убиени, а една жена е ранета во северниот австралиски град Кeрнс, соопшти австралиската полиција. Според тамошните медиуми, децата биле избодени.
Полицијата во Квинсленд соопштила дека во куќа во предградието на градот Кeрнс биле пронајдени деца на возраст од 18 месеци до 15 години. Ранетата жена е пренесена на лекување и помага во истрагата. Полицијата не потврдила дека децата биле убиени со ладно оружје.
Премиерот на Австралија Тони Абот во врска со масакрот изјави: „Станува збор за невидено злосторство. Ова се тешки денови за нашата земја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.