| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија обвинети три лица за шпионажа

­ Германското Обвинителство соопшти дека уапси тројца Турци, обвинети за шпионажа на свои сонародници во Германија во корист на турското разузнавање.

Двајца од осомничените се уапсени вчера на аеродромот во Франкфурт, а третиот во неговиот дом во западна Германија.

Според германското Обвинителство еден од уапсените ги врбувал другите двајца како агенти, кои собирале информации за Турците во Германија и за нивните „организациски структури“.

Тројцата осомничени ќе останат во притвор се до официјалното подигнување на обвинение. Во Германија живее најголемата турска заедница надвор од Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top