Британскиот нафтена индустрија се наоѓа во длабока криза, а нафтениот сектор во реонот на Северно Море, од каде Велика Британија црпи нафта, се наоѓа пред колапс, откриваат лондонските медиуми.
Причина за ваквата ситуација е ниската цена на суровата нафта на светските берзи, која трае со месеци и за која засега нема знаци дека депресијата би можела да се запре.
Речиси нема никакви нови проекти во Северно Море што би можеле да бидат профитабилни, со цена на нафтата од под 60 долари за еден барел, изјави Робин Ален, претседател на Агенцијата на независни истражувачи по „црното злато“.
Во јануари оваа година, цената за барел изнесуваше 110 долари, а на почетокот од оваа недела цената падна на околу 60 долари.
Цената на берзата за нафта во Лондон денеска изнесуваше 61,83 долари за барел, што претатвува минимално зголемување од само 65 центи, што се смета за недоволно за стабилизација на пазарот, а уште помалку да се означи како почеток на излегувањето на
актуелната нафтена криза.
Нафтениот сектор останува да се соочува со заканата да пропадне, затоа што е невозможно да се заработува со ваквите цени, инсистира Ален. Нафтените компании и придружниот услужен сектор настојува да ги намали загубите, укинувајќи работни места, запирајќи ги сите инвестиции.
Во Лондон се верува дека ситуацијата е посложена во секторот на Северно Море затоа што тој важи како еден од најскапите за инвеститорите, но и како сектор каде инвестициите носат најмал профит. Според експертите тоа би можело да предизвика некои од старите извори да бидат затворени,а многу производни сектори би можеле да бидат целосно затворени, затоа што за нив нема рентабилност ако цената на суровата нафта е помала од 80 долари за еден барел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.