Црногорската полиција распишала локална потерница по старлетата Сораја Вукелиќ, која ја бараат во рамките на истрагата за
убиството на Баранин Армин Муше Османагиќ, бидејќи нејзиниот исказ не се согласува со другите докази.
По овој повод, белградските инспектори ја сослушаа на почетокот на октомври.
– Точно е дека ја бараме, затоа што оддамна не ни е достапна. Сакаме да и поставиме неколку прашања за кои сметаме дека се важни за истрагата. Нејзиниот исказ во Белград има прилично големи „дупки“, па сакаме повторно да ја распрашаме – изјавил соговорник за порталот „Вијести“.
На денот кога Османагиќ бил усмртен со снајпер пред неговиот ресторан, познатата старлета непосредно пред убиството седела во
градината на ресторанот. Сораја, како што верува полицијата, била во друштво на две пријателки, но тие си заминале непосредно пред да биде испукан смртоносниот куршум за Османагиќ. Таа тврдела дека нема многу што да каже за тој случај, велејќи дека Османагиќ го знае од Бар и дека тој ден требало од него да го превземе скапоцениот автомобил „Масерати“ поради снимање на спот во Црна Гора.
Убиениот Османагиќ беше усмртен со снајпер сред ден, а полицијата сеуште нема никакви детали за тоа кој се учествувал во
организацијата, логистиката и ликвидацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сораја во шок: Некој и ја уби мачката од 22.000 куни (видео)
-
На Сораја и го забранија влезот во Србија, а потоа и се губи секоја трага: Таа се огласи и еве кај се наоѓа!
-
Засолниште најде во приватен хотел: Сораја не смее во Белград, па се врати во Будва
-
Таа е опасност за безбедноста: Сораја не смее да влезе во Србија!