| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев и соиграчите му ја наполнија мрежата до врв, голманот објави на „Твитер“: Од жал ви попуштивме

Голманот на Балчова Беледие настрада со 9 примени погодоци против Галатасарај, а потоа како деклариран навивач на Фенербахче ја разбранува спортската јавност во Турција. Пандев со хет-трик и неговите соиграчи со уште 6 гола му ја наполнија мрежата до врв, а Енгин Каја, кој го бранеше голот на Балчова, преку „Твитер“ се јави со порака која ги разлути симаптизерите на Галата.

„Примивте 4 гола од Арсенал, па моравме да ви пуштиме од жал“, објави Каја на „Твитер“. Галатасарај го доби дуелот во националниот куп против нисколигашот Балчова со 9-1, а покрај срамот што го доживеа на теренот, Каја ќе мора да оди на дисциплинска. Фудбалската федерација на Турција најави остра казна за голманот, кој отворено нагласи дека навива за Фенербахче, клуб кој е лут ривал на Галатасарај.

kaja

Пандев беше стартер на мечот со Балчова и за само 18 минути, од 27. до 45. минута, постигна хет-трик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top