| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос (не) знае што прави

На­вод­ни­от дип­ло­мат­ски ин­ци­дент што (не) се слу­чил за вре­ме на со­ста­но­кот на ко­а­ли­ци­ја­та од 62 зем­ји, пред­во­де­ни од САД, за бор­ба про­тив Ис­лам­ска­та др­жа­ва на Ирак и Ле­вант (ИСИЛ) ја откри­ва су­шти­на­та на мо­де­лот спо­ред кој на­ста­пу­ва грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја не са­мо со пос­лед­на­та вла­да во Ати­на, ту­ку во пос­лед­ни­те два­е­се­ти­на го­ди­ни

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос не го на­пу­штил со­ста­но­кот што го во­дел аме­ри­кан­ски­от др­жа­вен се­кре­тар Џон Ке­ри, но твр­ди де­ка де­мон­стра­тив­но ста­нал и ја на­пу­штил са­ла­та по­ра­ди тоа што Ма­ке­до­ни­ја и неј­зи­ни­от ми­ни­стер би­ле пре­зен­ти­ра­ни под устав­но­то име. Ва­кви при­ме­ри има­ло мно­гу во пос­лед­ни­те 20 го­ди­ни на раз­лич­ни мул­ти­ла­те­рал­ни сред­би. Гр­ци­ја се­ко­гаш ко­га е мож­но уце­ну­ва со учес­тво, се за­ка­ну­ва де­ка ќе на­пу­шти не­кој со­ста­нок, но на кра­јот неј­зи­ни­те прет­став­ни­ци, на по­ни­ско или на по­ви­сок ни­во, се­ко­гаш ја за­вр­шу­ва­ат ра­бо­та­та за ко­ја се дој­де­ни, а во исто вре­ме во Гр­ци­ја се ис­пра­ќа сли­ка де­ка се ви­стин­ски па­три­о­ти.

Од тој ас­пект, лаж­на­та дра­ма на Ве­ни­зе­лос не е ни­што но­во во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ќе мо­ра да ја тр­пи грч­ка­та агре­сив­ност до­де­ка тоа го доз­во­лу­ва­ат Ва­шин­гтон и Бри­сел. Свеж е са­мо на­чи­нот на кој, во пре­срет на не­ми­нов­ни­те пред­вре­ме­ни из­бо­ри, ќе се прес­ме­ту­ва­ат двај­ца­та ли­де­ри на грч­ка­та вла­де­јач­ка ко­а­ли­ци­ја, што спо­ред сѐ е су­шти­на­та на на­вод­ни­от бри­сел­ски ин­ци­дент. Оби­дот на Ве­ни­зе­лос да из­ла­же, кој е под­др­жан и ин­сти­ту­ци­о­нал­но пре­ку со­оп­ште­ние за јав­но­ста на грч­ко­то МНР, во слу­ча­јов мно­гу по­ве­ќе се од­не­су­ва на со­стој­ба­та во Гр­ци­ја откол­ку на од­но­си­те со Ма­ке­до­ни­ја. Уште пред да за­ми­не на со­ста­но­кот во Бри­сел, Ве­ни­зе­лос зна­ел за иде­ја­та за гла­са­ње за нов пре­тсе­да­тел на грч­ки­от пар­ла­мент. Зло­у­по­тре­ба­та на прес- кан­це­ла­ри­ја­та на Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти, ко­ја мо­ра­ла да ла­же во со­оп­ште­ни­е­то, е са­мо обид на Ве­ни­зе­лос да го по­до­бри сво­јот реј­тинг, кој не му да­ва мно­гу при­чи­ни за оп­ти­ми­зам пред из­вес­но­то пред­вре­ме­но пре­бро­ју­ва­ње. Не­го­ви­те грч­ки со­вет­ни­ци за јав­ни на­ста­пи, а се твр­ди де­ка во ти­мот имал и не­кол­ку ска­поп­ла­те­ни стран­ци кои се пла­те­ни од бо­га­ти спон­зо­ри на пар­ти­ја­та, го со­ве­ту­ва­ле се­ко­гаш ко­га мо­же да го ко­ри­сти спо­рот за име­то, од­нос­но да би­де ра­ди­ка­лен кон Ма­ке­до­ни­ја, а по­мал­ку да ја експ­ло­а­ти­ра те­ма­та за ште­де­ње и за за­те­га­ње на др­жав­ни­от ре­мен. Ли­де­рот на не­ко­гаш­ни­от ве­ли­кан, Пан­хе­лен­ска­та со­ци­ја­ли­стич­ка пар­ти­ја, со реј­тин­гот што го има се­га мо­же да се на­де­ва са­мо на ви­це­пре­ми­ер­ско ме­сто и на ме­сто­то шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та, а Ве­ни­зе­лос со тоа не е за­до­во­лен.

Го­лем е бро­јот на до­бро­у­па­те­ни из­во­ри во Ати­на кои се уве­ре­ни де­ка Ве­ни­зе­лос игра спо­ред срп­ски­от мо­дел што го до­нел ли­де­рот на срп­ски­те со­ци­ја­ли­сти Иви­ца Да­чиќ на че­ло на Вла­да­та во Бел­град иа­ко таа не бе­ше по­бед­ник, ту­ку са­мо тре­та по моќ на из­бо­ри­те во 2012 го­ди­на. Ве­ни­зе­лос се на­де­ва де­ка ко­га Неа де­мо­кра­ти­ја и Си­ри­за би има­ле по око­лу 30-про­цен­тен реј­тинг, ни­ту ед­на од нив не би мо­же­ла да фор­ми­ра вла­да спо­ред се­гаш­ни­те ко­а­ли­ци­ски пра­ви­ла што ва­жат кај јуж­ни­от со­сед. Во та­ков слу­чај во игра вле­гу­ва ПА­СОК на Ве­ни­зе­лос, но са­мо до­кол­ку ус­пее да освои по­ве­ќе од 10 про­цен­ти од гла­со­ви­те, при што тој би мо­жел да би­де фа­кто­рот што ќе од­лу­чи ко­ја од две­те нај­го­ле­ми пар­тии ќе вле­зе во Вла­да­та. До­кол­ку ни­ту ед­на од нив не мо­же да соз­да­де вла­да без ПА­СОК, што е со­се­ма ло­гич­но ако, на при­мер, освои 11 про­цен­ти од гла­со­ви­те (се­га не­ма по­ве­ќе од 7%), то­гаш Ве­ни­зе­лос мно­гу лес­но ќе мо­же да уце­ну­ва со пре­ми­ер­ска­та по­зи­ци­ја, со што ќе дој­де до мож­ност да ја вра­ти ста­ра­та сла­ва на сво­ја­та пар­ти­ја. Ве­ни­зе­лос во исто вре­ме ќе на­ви­ва и за по­до­бар ре­зул­тат на Злат­на зо­ра, ко­ја има око­лу 7 про­цен­ти од гла­со­ви­те, а со ко­ја не­ма да ко­а­ли­ци­ра ни­ту ед­на пар­ти­ја. Се раз­би­ра, за сце­на­ри­о­то на Ве­ни­зе­лос да мо­же да се ос­тва­ри, со­ра­бот­ни­ци на ПА­СОК ве­ќе со не­де­ли се во не­фор­ма­лен кон­такт со со­ра­бот­ни­ци на ли­де­рот на СИ­РИ­ЗА, Але­ксис Ци­прас, кој исто ка­ко и не­го­ви­от ко­ле­га од ПА­СОК се сме­та за ли­дер кој е мно­гу поф­ле­кси­би­лен за от­стап­ки и ком­про­ми­си од не­по­пуст­ли­ви­от Са­ма­рас. Ду­ри во ед­на од ком­би­на­ци­и­те се спо­ме­ну­ва мож­но­ста Ци­прас да му го пре­пу­шти пре­ми­ер­ско­то ме­сто на Ве­ни­зе­лос за тој да ги пре­зе­ме кри­ти­ки­те по­ра­ди не­ис­пол­не­ти­те ве­ту­ва­ња на ра­ди­кал­ни­от ле­ви­чар.

Зо­што Са­ма­рас вле­зе во ри­зик?

Спо­ред пос­лед­но­то истра­жу­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње, ра­ди­кал­на­та ле­ви­чар­ска ко­а­ли­ци­ја СИ­РИ­ЗА во­ди со 5 про­цен­ти пред Неа де­мо­кра­ти­ја на Ан­до­нис Са­ма­рас. Пр­во­то истра­жу­ва­ње по об­ја­ву­ва­ње­то на пред­вре­ме­ни­те пре­тсе­да­тел­ски гла­са­ња во Пар­ла­мен­тот по­ка­жу­ва де­ка Са­ма­рас има са­мо 25,7 про­цен­ти од јав­на­та под­др­шка. Ло­ги­ка­та зад пред­вре­ме­ни­от из­бор на нов пре­тсе­да­тел е во на­деж­та де­ка од по­зи­ци­ја на пре­ми­ер ќе мо­же да ги до­бие по­треб­ни­те 26 пра­те­ни­ци (Неа де­мо­кра­ти­ја и ПА­СОК има­ат 155 пра­те­ни­ци, а по­треб­ни се 180 за из­бор на пре­тсе­да­тел) од дру­ги­те пар­тии за да би­де из­бран не­го­ви­от кан­ди­дат, по­ра­неш­ни­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та Ста­врос Ди­мас, и да до­бие уште ед­на го­ди­на мир­но вла­де­е­ње. Со тоа тој ќе ги ели­ми­ни­ра шпе­ку­ла­ци­и­те за нов це­ло­сен ко­лапс на бер­зи­те и но­ва уште под­ла­бо­ка кри­за, ко­ја за са­мо еден ден ја ур­на атин­ска­та бер­за за 12 про­цен­ти. Опо­зи­ци­ска­та СИ­РИ­ЗА го поз­дра­ви че­ко­рот на Са­ма­рас сме­тај­ќи де­ка со тоа тој си пот­пи­шал смрт­на пре­су­да ка­ко по­ли­ти­чар. Ли­де­рот Ци­прас, се­пак, не­ма про­стор за оп­ти­ми­зам. До­кол­ку ста­не пре­ми­ер, ќе мо­ра да ги спро­ве­де ве­ту­ва­ња­та за зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те за 50 про­цен­ти, за бесп­лат­но гре­е­ње за си­ро­маш­ни­те и за пре­кин на отп­ла­та­та на дол­го­ви­те што зем­ја­та ќе ја ста­ви во не­по­вол­на си­ту­а­ци­ја. Про­це­ни­те се де­ка без под­др­шка од Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Европ­ска­та цен­трал­на бан­ка и Ме­ѓу­на­род­ни­от мо­не­та­рен фонд, Гр­ци­ја мо­же да пре­жи­вее нај­доц­на до ју­ни 2015 го­ди­на. Тоа што е нај­важ­но за Ма­ке­до­ни­ја, ни до­то­гаш ни дол­го по­тоа ни­ту ед­на грч­ка вла­да не­ма да мрд­не со прст за ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то, кој ни­ко­му во Гр­ци­ја не мо­же да му до­не­се по­е­ни, а мо­же мно­гу да му зе­ме.

 

(Текст објавен во 119. број на неделникот Република, 12.12.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top