И оваа година Издавачкиот центар „Три“ организира Зимски фестивал на книгата и подготвува празнична програма за своите читатели.
Фестивалот ќе трае од 20.12. до 31.1.2015 година, за сите што сакаат да подарат книга.
Сите изданија за време на овие денови ќе бидат со празничен попуст до 50 проценти.
Фестивалот ќе го отвори Игор Џамбазов, на 20.12. (сабота), од 14 часот, каде што читателите ќе можат да ја купат неговата најнова книга „Облечен човек“ по празнична цена и да се дружат со својот омилен автор.
Во духот на празниците, издавачката куќа подготвува и изненадување за своите најверни читатели. Но, за да не ја расипеме магијата на подарувањето, тоа засега ќе остане тајна!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.