| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона бесна, неиздадениот албум се појави на интернет

57898_madonna-singing1-550x400_c

Новиот албум на Мадона, кој треба да излезе во 2015 година, се појави на интернет и сите 13 песни од него се достапни за преземање. Почетокот на нападот почна со песната „Rebel Heart“ на 14 ноември. Мадона негираше дека тоа е албумот тврдејќи дека песните кои се појавиле на интернет се незавршени демоснимки, украдени пред многу време. Дали тоа навистина е така, не е многу сигурно бидејќи Мадона е бесна од тоа што се случило.

– Ова е уметничко силување! Тоа е тероризам! Зошто некои луѓе сакаат да го уништат процесот на уметничка креативност? Зошто крадат? Зошто не ми дадете можност да си ги завршам работите и да ви го дадам најдоброто од мене – напиша Мадона на „Инстаграм“.

Пејачката им се заблагодари на обожавателите кои не паднале во искушение на пиратски копии на албумот.

„Ви благодарам за неслушањето! Ви благодарам за лојалноста и за трпението! Ако, сепак, сте ги слушнале овие песни, да знаете дека тоа се недовршени демоснимки, кои не се за прикажување и украдени се пред многу време“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top