Грците, Албанците и Србите се најбројните странски туристи што ја посетиле Македонија во јануари годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија ја посетиле 3.417 грчки туристи, кои оствариле 5.550 ноќевања, од Албанија дошле 2.210 туристи, со остварени 3.611 ноќевања, а по нив се српските туристи, со бројка од 1.513 и остварени 2.299 ноќевања.
Во јануари во Македонија се регистрирани 31.764 туристи и, во однос на претходниот месец, има зголемување од 1,2 процент, кај домашните за 1,2, а кај странските за 2,3 проценти. Во однос на јануари лани има намалување за 5,9 проценти. Кај домашниоте има намалување од 2,9, а кај странските за 8,5 проценти.
Во јануари годинава бројот на ноќевањата изнесувал 66.984, што е за 5,9 проценти повеќе во однос на претходниот месец. Кај домашните зголемувањето е за 18,7, а кај странските за 6,1 проценти. Во однос на јануари минатата година, забележано е намалување за еден процент кај домашните, а за 10,8 проценти кај ноќевањата на странските туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци