| четврток, 6 декември 2018 |

ССК: Придонесите за хонорарците ќе ја намалат нелојалната конкурекција

honorar

Законските измени, со кои од почетокот на 2015 година договорите за дело и авторските договори ќе влезат во системот на задолжително осигурување, се позитивни и ќе ја елиминираат нелојалната конкуренција меѓу компаниите, сметаат од Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Заменик-претседателот на ССК, Сеад Кочан, денеска на прес-конференција рече дека со законските измени хонораците ќе добијат социјална сигурност и еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време.

– Сите хонорарци кои имаат авторски или договор на дело со една компанија, придонесите ќе треба да им ги плати компанијата која ги ангажирала. Оние кои имаат повеќе договори со повеќе претпријатија, а збирниот износ е над минималната плата, ќе треба сами да платат придонеси – појасни Кочан.

Според ССК, би можело прагот да се помести на просечна плата, наместо на минимална плата.

Со законските измени, оцени Кочан, компаниите ќе се стимулираат да го вработат хонорарниот работник како што е практика и во државите од Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top