Пејачот Џастин Тимберлејк заработи нешто повеќе од еден милион долари за настап на десетгодишнината од бракот на американски милионер.
Тимберлејк се појави како изненадување на вечерта и за време на получасовниот настап ги изведе во акустична верзија најголемите хитови.
– Беше лудо. Се послужуваа скапи и ретки вина, а на секоја маса имаше танчарка – рече Џастин.
Покрај тоа што добро се забавуваше, пејачот заработи и милионски хонорар, за кој некои од неговите колеги сонуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.