Еден од патниците во авион кој летал на линијата Хангжоу – Ченгду ја отворил вратата за излез во итни случаи за да се надише свеж воздух и тоа пред самото полетување на авинот.
Стјуардесите веднаш побрзале да ја затворат вратата, така што летот не доцнел. Сепак, изненадените патници го искористиле моментот да ја фотографираат невообичаената ситуација.
Патникот кој ја отворил вратата изјавил дека го сторил тоа затоа што сметал дека во авионот треба да влезе малку свеж воздух, пренесува „Саут морнинг Чајна пост“.
Подоцна е објавено дека тој нема да биде казнет бидејќи му било првпат да патува со авион, а со оглед на тоа што авионот сѐ уште немал полетано, не загрозил ничија сигурност, ниту, пак, предизвикал доцнење на летот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


