| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан и филмот на Стив Карел за Северна Кореја

Поради последните случувања околу „Сони“ и филмот „Интервју“, повлечени се подготовките и за уште еден филм поврзан со Северна Кореја.

Филмот со работен наслов „Пјонгјанг“ на режисерот Гор Вербински се базираше графичкиот роман на американски аниматор, кој во 2001 година доби дозвола за престој во Северна Кореја, а во кој е опишано неговото искуство.

Во главната улога требаше да се појави Стив Карел, за кого годинава прогнозираат дека ќе добие „Оскар“ за главна машка улога.

Снимањето беше закажано за март в година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top