Австралијката Витни Беслер се посрамоти на популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“ бидејќи не успеа да го мине првото наједноставно прашање.
На прашањето кој од наведените накити не ја симболизира врската меѓу две личности биле понудени одговорите: „веренички прстен“, „прстен за годишнина“, „венчален прстен“ и „бургер прстен“.
Витни одговорила дека точниот одговор е „прстен за годишнина“ и го обележала како конечен.
Кога ѝ било кажано дека точниот одговор е „бургер прстен“, Витни изјавила дека никогаш во животот толку не се посрамотила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


