Невзат Бејта повторно е избран за претседател на разгранокот на ДУИ во гостиварската општина. Доцна синоќа се одржа петтото изборно собрание на разгранокот на кое присуствуваа 120 делегати.
Годинава, Бејта немаше противкандидати. Со тајно гласање од присутните, за единствениот кандидат гласаа 112 делегати, а биле избројани и пет неважечки ливчиња.
– Им се заблагодарувам на сите оние кои гласале за мене, но и оние кои не гласаа, бидејќи тоа е дел од демократијата. Ние ќе продолжиме да работиме како што работевме. Ако има нови избори се надевам дека заедно ќе постигнеме подобри резултати од оние 2014 година, рече Невзат Бејта по изборот за претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар.
Делегатите го избраа Изет Меџити за координатор на шестата изборна единица. Изборниот процес го следеа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и други партиски функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.