| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора остана во битка за одбрана на европскиот трон, Шведска и Норвешка во второто полуфинале

Актуелните европски шампионки, ракометарките на Црна Гора, со вчерашната најважна победа на Европското првенство, што се одржува во Унгарија и Хрватска, над Шведска со 30-29 останаа во трката да го бранат европскиот трон.

Sweden vs Montenegro

Со оваа победа Црна Гора се пласираше на првото место со осум бода во новоформираните групи и со тоа се пласира во полуфиналето, каде што на мегдан треба да се сретнат со репрезентацијата на Шпанија која вчера, исто така, победи против репрезентацијата на Данска со 29-22.

Spain vs Denmark

Најдобар натпревар во досегашниот дел од шампионатот одигра членот на македонскиот шампион Јованка Радичевиќ, која е творец на целосниот резутатски пресврт со девет гола од кои шест од пенал.
По првиот дел Црна Гора беше во негатива од пет гола разлика 13-18.

Второто полуфинале ќе биде битка за Скандинавија, а во неа ќе се сретнат Шведска и Норвешка.

Hungary vs Norway

Шведска пред ова коло беше на првото место во групата 2, но со едниствениот пораз досега на шампионатот токму од Црна Гора можеше лесно да го загуби местото кое води во полуфиналето. За тоа им помогнаа Французинките кои покрај тоа што одиграа за Шведска со вчерашната победа над Холандија се изборија за натпревар за петтото место кое води на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Норвешка со вчерашниот пораз од кодомќинот Унгарија (25-29) воопшто не си ја расипа позицијата на табелата. Убедливо се пласираше на првото место и е можеби најсериозниот кандидат за освојување на тронот.

Netherlands vs France

Втора од групата 1, репрезентацијата на Шпанија сама одлучуваше за пласманот. „Црвената фурија“ само со победа беше сигурна во пласманот и тоа се оствари со високата победа над директниот конкурент Данска од 29-22.
Од оваа група како третопласирана репрезентација се пласираше Унгарија и ќе води битка за петтото место со Франција.

Netherlands vs France

Поуфиналните натпревар и натпреварот за петтото место се играат во петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top