Проектот „Американскиот Меси“ има цел да вклучи што поголем број кандидати во фудбалските академии низ САД.
Во водечката светска сила многу се работи на популаризацијата на најважната споредна работа во светот, а најдобар пример е петгодишниот мандат на Дејвид Бекам во ЛА галакси. Во тој клуб настапува и Роби Кин, а Тиери Анри и Рафа Маркез се во Њујорк ред булс.
Сепак, сите ѕвезди доаѓаат во своите поодминати години да играат во МЛС-лигата, па затоа и целта на споменатиот проект е да се создаваат играчи од врвен квалитет на просторот на САД. Името на Меси е зафатено бидејќи основачите на овој проект сакаат да го препишат моделот на Барса кога е во прашање работата со младите.
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.