| четврток, 6 декември 2018 |

Mонструмите што убија 132 деца во Пакистан

Првата фотографија од талибанските злосторници што во вторникот во училиште во пакистанскиот град Пешавар монструозно убија 142 лица, од кои 132 се деца, е објавена вчера на интернет.

Таа предизвикала жестоки коментари на сметка на талибанците кои упаднаа во училиштето и ладнокрвно убиваа ученици на возраст од осум до 18 години. Освен тоа, еден од нив пред цело одделение ја запалил жива наставничката Тахира Кази само затоа што е во брак со војник, а потоа активирал бомба и убил 60 дечиња.

По масакрот, кој ја потресе целата планета вчера е прогласена тридневна жалост. Насекаде низ земјата, а посебно во Пешавар, е видлива тагата за настраданите деца, а луѓето од рано утрото спонтано се собираа и палеа свеќи за жртвите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top