| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена масовна гробница на жртви од џихадистите

­ Тела на повеќе од 230 луѓе, за кои се претпоставува дека се жртви на масакрите на џихадистичката група Исламска држава (ИД), се пронајдени во источна Сирија.

Станува збор за припадници на едно племе кои во текот на минатото лето војуваа против џихадистите на ИД во реонот на провинцијата Деир ал Зур.

Масовната гробница е пронајдена откако ИД им дозволи на луѓето од племето Шеитат да се вратат во своите домови.

Минатиот месец ОН објави извештај за извршени масакри од страна на џихадистите на ИД, што се случиле во текот на август во источните делови на Сирија. Истрагата утврдила дека масовните убиства се извршени во текот на борбите за контраола врз нафтените полиња во близината на градот Мохасан.

Еден од преживеаните на овие масакри подоцна изјавил дека бегајќи со своето семејство, видел многу глави од егзекутирани борци закачени по ѕидовите. Овој сведок тврдел дека има уште масовни гробници, како и дека некои од нив се од поново време.

Сите заробеници од племето Шеитат биле убивани со отсекување на главите. На почетокот на минатиот месец ИД дозволи враќање на избеганите припадници на племето, но водачот на џихадистите Абу Бакар ал Багдади ги предупреди дека мора да го предадат оружјето и да ја прифатат нивната власт. Тој на сите „предавници“ им се зкани со смртни казни и со убиства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top