| четврток, 6 декември 2018 |

Од јануари во словенечките аптеки ќе се продава екстракт од марихуана

Уште во јануари следната година во словенечките патеки ќе може легално да се набават канабиноиди, хемиски препарати кој содржат екстракт од марихуана, а кои досега без забранети во Словенија.

Таканаречената Д дозвола за увоз на тетрахидроканабиноидите (THC) ја добила компанијата „Lenis“ којашто се занимава со увоз на нерегистрирани лекови во Словенија, а осигурила набавка од Германија, пишуваат во средата словенечките медиуми.

Од јануари лековите направени од овие супстанции ќе може да се добијат во аптеките, но оние на коишто таквите препарати им ги олеснуваат симптомите на некои тешки болести, ќе мора да ги плаќаат.

Владата на поранешната премиерка Аленка Братушек кон срединава на годинава издаде нова уредба за листата на забранети дроги од којашто беше изоставен THC, и беше вброен во дрогите чиј промет и користење се дозволени во медицината, ветерината и за педагошки и научно-истражувачки намени.

Со промената на уредбата е овозможено и легално купување на досега забранетите препарати кои содржат екстракт од индискиот коноп, во прв ред маслата од хашиш, кои досега во Словенија можеа да се набават само на илегалниот пазар.

Лековите од екстрактот на конопот во моментов во Словенија се уште не се регистрирани и ќе бидат подготвувани во самите аптеки и како т.н. магистрални лекови, а увозникот на канабиноидите тврди дека ќе бидат поевтини од сличните препарати кои може да се добија во аптеките во соседна Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top