Новиот пакет предлог-законски реформи за Педагошките факултети денес беа ставени на заедничка маса пред првите луѓе на Министерството за образование и наука и деканите на педагошките факултети.
Пред деканите детално беше образложен нацрт текстот, начинот на основање, усогласување на програмата, посебните критериуми за упис и сите други детали.
Единствената цел на овие измени се подигнување на квалитетот на виското образование, но токму кај оваа мерка и подигнување на квалитетот на основното и средното образование.
Како што денес, по дебатата, истакна министерот Абдулаким Адеми, со ова се регулира и професијата наставник да биде попочитувана.
-Вчера имавме средба со ректорите на државните факултети и Универзитетот на Југоисточна Европа. На средбата присуствуваа претставници на студентските парламенти и членови на СОНК. На сите средби ги презентиравме пакетот мерки за Педагошката реформа меѓутоа зборувавме и за законот за високо образование. Денес имавме конструктивна дебата. Утре продолжуваме со дебата во другите универзитети. Се надевам дека на крајот од сите овие дебати ќе може тоа што е конструктивно да се прифати. Владата да ги утврди како текстови и да ги доставиме до Собранието. Главната цел на сите овие измени е подигнување на квалитетот на образованието, рече Адеми.
Дебатите продолжуваат, а никој од засегнатите страни нема да биде исклучен.
Деканот на Педагошкиот факултет Владо Тимовски го искажа задоволството од можноста сите тие на ваква дебата да го искажат своето мислење и да дадат став и забелешки по овие прашања.
-Некои идеи кои изминатиов период кружеа низ јавноста сега прераснаа во законски решенија. Добро е што можеме да ги искажеме мислењата. Мошне добра е идејата за студентските програми. Со ЕКТС се намножија многу предмети и професори. Ние и досега имавме пракса за надоградување, а со оваа тоа ќе се зголеми. Овие решенија ќе придонесат во селектирање на младите кои во иднина ќе бидат наставници. Веруваме дека за 2-3 дена ќе ги искажеме сите наши забелешки, рече Тимовски.
По 4-годишното факултетско образование, идните наставници една година ќе посетуваат Академија. Таму ќе се стекнат со потребните знаења и вештини, а за време на Академијата ќе примаат и просечна плата.
Оваа идеја е отворена и за веќе вработените наставници. Тие по завршувањето, ќе добијат 3000 денари поголема плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје повика на дебата за изградбата на гасоводот на Водно, запрена е изградбата
-
Тридневна дебата, книжевна вечер, музика во Даут Пашин-амам
-
Утре во ДПМ: „Епохата на естетскиот плурализам“ – трибина посветена на академик Милан Ѓурчинов
-
Вечерва на „Букстар“ дебата за жанровската литература и ноќ посветена на Милчо Манчевски