Во светот има многу дизајнерски, ултра луксузни кафулиња со имиња како „Ralph Lauren“ и „Gucci“.
Погледнете 11 од нив:
„Ralph’s Coffee“ , Њујорк
Дизајнерските кафиња се најновата мода. Модната марка „Ralph’s Coffee“ има луксузно кафуле на Петтата авенија. Се предлага италијанско кафе во софистициран ентериер.
„Gucci“, Токио
Едно еспресо во ова луксузно кафуле чини 9 долари, а кутија чоколади со логото на „Gucci“ чинат 26 долари. Модата на дизајнерските кафиња тргна токму од Токио.
„VOGUE Café“ , Москва
Ова кафуле ги отвори своите врати во 2003 година и има голем успех. Внатрешноста е одлична, како што и можете да очекувате од установа со тоа име, свежо цвеќе, елегантни покривки, стилски чаши.
„Antico Caffé Greco“ , Рим
Тоа е второто најстаро кафе во Италија. Се вели дека тука доаѓал дури и самиот Казанова, а денес тука може да видите некои од најпознатите италијанци. Цените се високи, но атмосферата и квалитетот си заслужуваат.
„Café Gambrinus“ , Неапол
Ова е едно од кафулињата со најинтересен ентериер во светот. Тука доаѓале Оскар Вајлд и Хемингвеј. Чаша топло чоколадо чини над 10 евра.
„Emporio Armani Caffé“ , Дубаи
Ова кафуле се наоѓа во луксузниот Dubai Mall .
„Roberto Cavalli“ , Сен Тропе
Во овој локал нудат и храна. Имаат и DJ. Нивото е онакво какво може да се очекува од Сен Тропе.
Café de la Paix , Париз
Се наоѓа точно спроти операта и не е воопшто евтино. Се сервира бранч по цена од 85 евра. Меѓу посетителите биле Гај де Мопасан, Емил Зола и други познати писатели.
„Bulgari“ , Токио
Тука една единствена чоколадна бонбона чини 16 долари! Кафулето е дури и полуксузно од гореспоменатото „Gucci“. „
Bloomsbury Café“ , Дубаи
Тука се нуди најскапото кексче во светот кое чини 1.000 долари. Тоа е наросено со злато. Останатите предлози во менито исто така не треба да се пропуштат.
„Café Florian“ , Венеција
Постои од почетокот на 18 век. Тоа претставува делумно кафуле,а делумно музеј. Ова е првото кафуле во Венеција, во кое било дозволено да влегуваат жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.