| четврток, 6 декември 2018 |

Татко-чудовиште од Лас Вегас: Децата ги присилувал на секс со куче и ги снимал

kristofer

Полицијата во Лас Вегас, истражува еден од најлошите случаи на насилство врз деца.

Кристофер Сена, 47 годишник,  се претставувал како семеен човек, добар сопруг и татко. Но, всушност тој бил развратно чудовиште, кој своите деца ги присилувал на сексуални односи со кучето. Полицијата го обвинила дека за време на 12 години, злоставувал најмалку осум деца, а своите злоставувања ги снимал.

Освен него, во злоставувањето учествувале и неговата сопруга Дебора, како и поранешната сопруга Тери, која е воедно и мајка на неговите три сина и ќерка. Тие исто така се наоѓаат на снимките.

Случајот е откриен во септември, кога една жена, еден маж и дете се довериле на својот семеен адвокат, а тогаш адвокатот ја алармирал полицијата.

После тоа, сите се упасени. А работата да биде уште полоша, поранешната сопруга на Кристофер, Тери Сена е наставник во училиште.

Таткото чудовиште е обвинет за инцест и содомија. Може да добие казна на доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top