Еден британски рибар ја остварил својата желба – уловил огромна риба, арапаима, тешка 113,4 килограми.
Стив Товсон ја уловил најголемата речна риба, позната уште и како „чудовиште“ во реката Есекибо, во Гвајана. Тој патува по светот и лови езготични риби, а како мамка, овој пат користел пирана тешка 900 грама.
– Арапаима е една од најголемите и најмоќни слаткоречни риби, а голема и ретка привилегија е кога ќе успеете да уловите една од нив. Нивниот лов е забранет во светот, но во Јужна Африка е дозволено да се ловат, но откако ќе ги фатите, обврзани сте да ги пуштите на слобода. Рибата која јас ја уловив никогаш порано не била фатена – изјави Товсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.