Современиот живот бара од жените да ја комбинираат својата кариера со приватноста, да бидат не само добри и барани професионалци, но и да бидат грижливи мајки и добри сопруги. Има познати дами кои ја запоставиле својата кариера и претпочитаат да се посветат на семејството, да видат како растат нивните деца и да се радуваат на времето поминато со најблиските. Токму тие ќе ви ги претставиме .
Грејс Кели
Блескавата кариера на Грејс Кели била прилично кратка, таа играла во неколку филмови на Хичкок, по што го сретнала принцот од Монако Рение III, се омажила за него и останала заробена во златна ќелија. По свадбата таа одбила да продолжи да глуми, покрај тоа што добивала безброј понуди за улоги од познати режисери. Дури еднаш нејзиниот сопруг дозволил да учествува во филм на Хичкок, но жителите на Монако се побуниле,тие сметале дека нивната принцеза не треба да глуми.На Грејс не и било лесно да се прости со својата омилена професија (ова е прикажано во филмот „Принцезата на Монако“ со Никол Кидман), но дефинитивно имала со што да го пополни своето време. Ѕвездата му родила на Рение Трети три деца и среќа ја наѓала токму во комуникацијата со нив.
Џенифер Гарнер
Актерката Џенифер Гарнер, сопруга на Бен Афлек и мајка на три деца, целосно е посветена на семејството и домот. Ѕвездата е целосно убедена во исправноста на својот избор: „Во почетокот сакав да бидам мајка која работи. Кога го очекував раѓањето на мојата прва ќеркичка, навистина мислев дека раѓањето нема да и попречи на мојата кариера и дека детето ќе расте и без мене. Жестоко се излажав! За една жена е апсолутно невозможно да се ги комбинира успешната кариера, со грижата за децата“.
Џесика Алба
Џесика Алба, која се прослави благодарение на филмот „Град на гревот“, често учествувала на фотосесии и дури играла во„Град на гревот 2“. Сепак може да се каже дека и таа сакала да се реализира како домаќинка. Папараци секојдневно ја гледале со нејзините ќерки и сопругот, а самата актерка вели: „Јас го најдов идеалниот маж за себе и мислам дека ќе го поминеме остатокот од животот заедно! Сакаме да изградиме едно искрено, љубовно, прекрасно семејство. За овие прашања сум традиционалистка“.
Карла Бруни
Карла Бруни, сопруга на поранешниот француски премиер Никола Саркози, ја прекинала својата кариера на манекенка и пејачка, за да биде примерна прва дама. Но, таа сепак најде излез од ситуацијата , пренесувајќи ја работата дома. Во куќа опремила студио во кое ќе може да снима песни, но стоела настрана од гласните забави и не правела концерти. Некогаш слободоумната и откачена Карла, стана нов човек, откако му се посветила на семејството.
Меган Фокс
Меган Фокс ја започнала својата кариера како актерка учествувајќи во филмот „Трансформери“. Таа се стремела кон овој успех како вистинска кариеристка, 5 години студирала танцување, а потоа глума, неуморно одела на аудиции, правела пластични операции … Но, кога го сретнала нејзиниот иден сопруг Брајан Остин Грин, нагло ги променила своите приоритети. Сега Меган има две деца и се појавува пред камерите многу поретко. Во последно време сме ја виделе само во „Нинџа желки“.
Твиги
Легендарната манекенка Твиги, станала симбол на модата во 60-тите години, но го напуштила подиумот веднаш штом ја нашла личната среќа. Таа родила ќерка, се омажила двапати и запишала неколку музички албум, повеќе за себе, отколку за публиката. Сега Твиги го опишува својот живот на следниов начин: „Јас сакам да готвам и со задоволство си одбирам зеленчук на блискиот пазар. Навечер си пуштам пријатна музика и седнувам на машината за шиење. Си поминувам одлично!“.
Лајза Минели
Лајза Минели се омажила четири пати и секој пат се обидувала да му се посвети на семејството. Така и не успеала да ја постигне својата цел, актерката била создадена повеќе за сцената, отколку за кујната. По излегувањето на филмот „Кабаре“ во 1972 година, Лајза се омажила за Питер Ален и доста време исчезна од екраните. Впрочем Минели е ќерка на легендарната Џуди Гарланд и споменувала дека детството и згорчено од постојаните отсуства на нејзината мајка. Лајза се обидувала да не ги повторува грешките на своите родители, но паднала во стапицата на депресијата, дрогата и алкохолот …
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.