| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник ја ограбил зградата на охридската општина

СВР Охрид достави посебен извештај до Основното јавно обвинителство против 16-годишен малолетник од Охрид поради постоење основи на сомение за сторени дела тешка кражба и кражба.

Пријавениот на 13 октомври годинава се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и успеал насилно да го отвори прозорецот, влегол во канцеларијата и украл едно компјутерско куќиште  и една тастатура. Следниот ден, пријавениот извршил уште една кражба од истата општинска просторија на истиот начин при што одзел два компјутерски монитори и едно куќиште.

По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на пријавениот од каде одземени се штрафцигери, обувки и неколку предмети врз кои е извршено вештачење.

Со малолетното лице, во присуство на неговиот родител извршен е разговор во СВР Охрид за што е известен и социјален работник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top