| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна средба посветена на нобеловецот Патрик Модијано во Францускиот институт

Францускиот институт во Скопје денеска во 19.00 часот, во своите простории организира книжевна средба насловена како „Патрик Модијано или уметноста на сеќавањето“.

На средбата за делото на Патрик Модијано ќе говорат:  Проф. д-р Снежана Петров, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје,  Проф. д-р Елисавета Поповска, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје,  Г-ѓа Жана Ангеловска, поранешен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и познавач на делото на Модијано, и  Г-ѓа Павлина Аџимитревска, директорка на издавачката куќа „Магор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top