| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевно пладне со Горјан Петревски во Библиотеката „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира „Книжевнo пладне“ посветено на Горјан Петревски.За делото на Петревски ќе говори Татјана Димовска-Атанасова. а делови од неговото творештво  ќе интерпретира актерот Томе Витанов.Средбата ќе се одржи денеска (среда)  во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.

Горјан Петревски е раскажувач, романсиер за деца и малади. Напишал голем број кнги, сценарија за теливизиски игри, рецензии и поговори. Автор е на 26 книги и 7 сценарија за ТВ серии. Добитник е на голем број награди, меѓу кои се и оние за најчитан, најбаран и најпродаван автор. Кај публиката особено се популрани неговите романи за тинејџери, кои постојано се преобјавуваат во големи тиражи. Тој е писател со ретка дарба, а неговите книги, во прв ред-раскази и романи, побудуваат голем интерес кај младите читатели, пред се поради својата непосредност во обраќањето, лирските нијанси во нив, а во најголема мера поради мајсторското опишување на првите чувства што се раѓаат кај младите, оние љубови кои „рано се слчучуваат, но долго се паметат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top