| четврток, 6 декември 2018 |

Американската „Гентерм“ влегува во Прилеп – 1.000 нови вработувања

gruevski1

Убава вест за прилепчани. Нова американска инвестиција и можност за вработување на 1000 лица. Нашата работа и упорност дадоа резултати – напиша премиерот Никола Груевски на неговата фејсбук фан страница. Се работи за американската „Гентерм“ (Gentherm) која ќе донесе 1.000 нови вработувања. „Гентерм“ е лидер на светскиот пазар и развивач на иновативни технологии за термално управување.

-Во првата фаза ќе се изградат простории од над 6.000 метри квадратни, а се планира со работа да се почне во четвртиот квартал од 2015 година. Во новите простории ќе се произведуваат индустриски производи, а се очекува во наредните три години да се отворат работни места за 1.000 лица. Новата фабрика ќе произведува седишта за автомобили со систем за ладење и греење, наменети за автомобилската индустрија, се вели во соопштението од компанијата, објавено на нивната интернет страница. 

Извршниот директор на компанијата, Даниел Р. Кокер, силно верува во конкурентната бизнис средина која Македонија ја нуди.

– Во Европа произведуваме специјални кабли – бизнис кој континуирано расте. Веруваме дека Македонија ни обезбедува конкурентна средина кој ќе ни овозможи да продолжиме со амбициите за ширење на компанијата во Европа и во целиот свет, наведува Кокер.

„Гентерм“ има над 8.300 вработени во своите фабрики во САД, Канада, Германија, Англија, Унгарија итн.

invest

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top